Home / Вести / Откорнати дрвја, покриви, бандери…

Откорнати дрвја, покриви, бандери…

                  

          Битола доцна синоќа, па се до раните утрински часови ја зафати  невреме  проследено со силни ветришта.

          Таквото невреме  предизвика одредени штети.

          Во невремето најмногу настрадаа некои дрвја,  бандери, а имаше и откорнати покриви.

           Во Центарот за управување со кризи изјавија дека и покрај силното невреме што ја зафати синоќа  Битола  до нив нема пријавено за некои големи штети.

          Најмногу штети се пријавени од граѓани за откорнати дрвја, па така денеска најмногу работа имаа комуналните работници на ЈП “ Комуналец “, кои ги расчистуваа откорнатите дрвја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*