Home / Македонија / Отсечени селата Добрушево, Дедебалци, Трап, Будаково

Отсечени селата Добрушево, Дедебалци, Трап, Будаково

Состојбата со поројните дождови и поплавите кои веќе неколку дена ја имаат зафатено Пелагонија не е алармантна само во Новаци. Таа и натаму е критична и во општина Могила.
Според информации од Кризниот штаб на Могила во оваа општина целосно непрооден е регионалниот пат од Могила кон Будаково, меѓу селата Радобор и Чарлија и стариот пат за Прилеп кон Тополчани на потегот од селата Вашарејца-Лознани.
Утрово поради срушениот пат пред селото Дедебалци, целосно отсечени се селата Добрушево, Дедебалци,Трап и Будаково, Дедебалци, Радобор, Лознани и Новоселани, а од големите и надојдени води полавени се селата Ношпал, Вашарејца, Долно и Горно Чарлија, Лознани, Новоселани и дел од о.Могила.
Од надојдените води струшен е мостот во с.Дедебалци према с.Добрушево.
Во О.У. “Браќа Миладиновци” од селото Добрушево наставниците и учениците кои беа на настава со голем ризик се да се вратат назад поради непроодноста на патот.
Поради непроодните патишта денес беше спречено нормално функционирање на граѓаните и нормално одвивање на наставата во најголемиот број од селата во Могила , а наставата не се одржа во селата Радобор и Чарлија и децата од 6-9 одделение не беа донесени на настава во централните училишта поради непроодноста на патот на нивото на водата која се излива преку патот во висина од 1.5 до 2 метри, стои меѓу другото во информацијата на општина Могила, каде со максимално залагање на екипите на Македонија пат саниран е регионалниот пат Добрушево – Тополчани на потег Ношпал.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*