.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Отворен кабинет по англиски јазик во СОУ “Таки Даскало“

Отворен кабинет по англиски јазик во СОУ “Таки Даскало“

Со пригодна свеченост, во СОУ Таки Даскало“, беше отворен посебен кабинет по англиски јазик. Реализацијата на овој значаен проект е во соработка со Американското катче од Битола, кои покрај мебел и компјутерска опрема, донираа и литература на англиски јазик.

Уредувањето на овој кабинет ќе им овозможи на професорите по англиски јазик и на учениците одлични можности за изведување на наставата по најсовремени методи.

-Огромна благодарност до Американското катче за сите овие години на успешна соработка, бидејќи иако немавме простор, успеавме да комуницираме, да го посетуваме Американското катче, да ја користиме нивната литература, да одржуваме безброј работилници и активности иницирани било од наша страна или од страна на Американското катче и на тој начин да ја промовираме нивната култура, јазикот и младите генерации да се запознаваат со сите можности што им ги нуди катчето – истакна Јасмина Василевска, професор по англиски јазик во СОУ Таки Даскало.

Инаку, соработка со Американското катче е долгогодишна и успешна, а како резултат на таа соработка во СОУ “Таки Даскало“ се реализира и проектот за академска размена Фулбрајт.

-Американското катче ни помогна сиот ентузијазам за работа што го имавме и желба на учениците за изучување на англискиот јазик сега да биде подигнато на многу повисоко ниво. Таквата соработка со Катчето, резултира со наше приклучување кон еден друг проект, а тоа е проектот за академска размена Фулбрајт, што претставува соработка меѓу Министерството за образование и наука и САД, при што оваа учебна година во нашето училиште е ангажиран професор по англиски јазик од САД, Зино Карпентер Њу, кој е вклучен во наставниот процес и работи со учениците и во рамките на Англискиот клуб на училиштето – истакна Валентина Богојовска, професор по англиски јазик во СОУ “Таки Даскало“.

– Работам како професор во ова училиште со учениците кои се членови на клубот за англиски јазик, работам на различни теми, држам настава на часови со ученици од сите години на образование и работиме граматика, различни теми според планот и програмата за настава – изјави Зино Карпентер Њу, професор од САД.

Во знак на благодарност за соработката и донацијата, од страна на директорот на СОУ “Таки Даскало“, Владимир Трифуновски на Американското катче му беше доделена благодарница.

 

 

 

 

 

Автор: М.Димитровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*