Home / Вести / Отворена истрага за Еуростандард банка

Отворена истрага за Еуростандард банка

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истрага против четири лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело предизвикување стечај на Еуростандард банка и продолжено кривично дело – перење пари.

Како што информираат од обвинителството, осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард банка, во периодот од 2018 до 2019 година, ги повредиле одредбите од Законот за банки, како и Методологијата за адекватност на капиталот.

– Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Воедно го зголемиле ризикот од концентрација и масовно ја затскриле реалната способност на клиентите за измирување на обврските и нереалната класификација, што резултирало со погрешно известување за финансиската состојба на банката и нејзините сопствени средства како кон НБРСМ, така и кон останатите заинтересирани страни – се наведува во соопштението од обвинителството.

Во него се додава дека со ваквото работење, осоминичените придонеле за генерирање на големи материјални кредитни загуби, со што го намалиле износот на сопствените средства на банката и наметнале потреба од значителна докапитализација на банката, а притоа не извршувале капитализација по мерка изречена од Гувернерот на НБРСМ.

– Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност. Така, од нефункционални изложености со состојба во време на отворање на стечајната постапка од нефункционални кредити за 149 правни лица била предизвикана штета од 3.378.030.720 денари, при што повластените кредитни должници со невраќање и неможност за присилно враќање на долг од кредитот се стекнале со корист, а штедачите и другите депоненти на банката биле оштетени – стои во соопштението.

Исто така, осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард Банка, во периодот од 2017 година до 2020 година, во повеќе наврати овозможиле отворање на нерезидентни трансакциски сметки преку кои дозволите трансакции и воспоставиле деловен однос со правни лица.

– Спротивно на нивната законска должност, иако имале обврска согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, тие во Управата за финасиско разузнавање не пријавувале сомнителни трансакции кои укажуваат на перење пари, имот или имотна корист, а за што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2020 година започнале предистражни постапки – велат од обвинителството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*