.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Пандемијата не стивнува

Пандемијата не стивнува

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го достигна врвот во март, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, рече дека само минатата недела се пријавени 300.000 нови случаи.

„Пред нас е многу сериозна ситуација“, рече тој и додаде дека некои европски земји, вклучително и Велика Британија и Франција, забележале највисоки дневни бројки во последните месеци.

Капацитетите за тестирање се зголемија низ цела Европа од почетокот на пандемијата, кажа Клуге, што значи дека бројот на заразени е веројатно поголем.

Бројот на хоспитализирани и починати, според Клуге, сè уште не забележале слично зголемување, иако Шпанија и Франција бележат тренд на раст.

Младите луѓе во моментов го сочинуваат најголемиот дел од ново регистрираните случаи на коронавирус.

Клуге, исто така, на брифингот рече дека карантинот дал јасни резултати.

„Во јуни, случаите достигнаа најниско ниво“, рече тој. „Сепак, бројот на нови случаи во септември треба да послужи како повик за будење за сите нас“, рече тој.

Претходно оваа недела, Клуге предупреди дека Европа треба да се подготви за зголемување на смртноста од коронавирус во октомври и ноември, предупредувајќи дека ќе биде потешко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*