Home / Вести / Панел дискусија за успешен бизнис

Панел дискусија за успешен бизнис

На 13.12.2018 денес во Хотелот “Бела куќа” во Битола со почеток во 18:00ч ќе се одржи панел дискусија под наслов “Од Битола се може (и)” на која свои искуства за успешен бизнис ќе презентираат пред присутните студенти 5 интересни претприемачи: Михајло Димитриевски Тхе Мичо – стрип цртач, Александар Поп Ристов – Интерворкс (ИТ сектор,) Благоја Стојчевски Тесла – Тримод тим (дизајн на продукти во електроника), Ангела Христовска – Аикон медија (маркетинг сектор) и Јордан Стојановски – ИТ иноватор од областа на платформи и системи за безбедност на автоматски модели за трговија со меѓународно искуство.

Панелот ќе биде интеракција помеѓу студентите и претставниците на бизнис секторот како претходница на можностите на младите луѓе за вработување. Ова е акцелераторска програма за старт ап програми во Пелагонискиот регион – проект координиран од ПРЕДА плус фондација и ФИКТ- факултет за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола. Проектот има за цел да поддржи и унапреди бизнис идеи на млади луѓе до 35 години од Пелагонискиот регион и е поддржан од Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!