Don't Miss
Home / Вести / Панихида за Александар Ростоковски

Панихида за Александар Ростоковски

Денеска во  Градскиот парк во Битола, пред споменикот “ Руски крст “ со одржување на панихида беше одбележаната трагичната смрт на првиот руски  конзул во Битола, Александар Аркадиевик Ростоковси.

            На панихидата,  со која чиноначалствуваше владиката на Преспанско Пелагониската епархија г.г Петар, која во организација на Регионалното здружение за македонско руско пријатлетсво “А.А. Ростоковски“  се одржа во  негова чест, присуствуваа амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, претседателот на УО на Мегународниот Славјански универзитет  Г.Р. Державнин, Јордан Ѓорчев.

          Сите тие положија букети свежи цвеќиња на споменикот “ Руски крст“

Зачувувањето на споменот за Ростковски и одбележувањето на неговото дело во Битола е нешто што ги поврзува двата народа, при тоа зајакнувајќи го пријателството и соработката, истакнаа амбасадорот Баздникин и градоначалничката Петровска.

А.А. Ростковски бил руски конзул и служел во Битола од 1895 година. Убиен е во средината на илинденското востание на 8 август 1903 година.

          Инаку да потсетиме Александар Аркадиевиќ Ростоковски беше убиен  на 10 август 1903, во прсрет на празникот Преображение Христово.

 Во негова чест во 2003 година  во Градскиот парк во Битола е подигнат споменикот на Големиот крст,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*