Home / Вести / Патеката за Тумбе Кафе доби нов асфалт

Патеката за Тумбе Кафе доби нов асфалт

                  

Од потегот над Зоолошкта градина во Битола, денеска почна асфалтирањето на пешачката патека на Тумбе Кафе.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денеска изврши увид во работните активности на Тумбе кафе и истакна дека поставувањето на новиот асфалт и уредувањето на партерната површина дадоа нова слика на претходната повеќедецениската лоша состојба на патеката, која за рекреација и спорт ја користат голем дел од жителите на Битола.

Инаку градежните активности за реконструкција на пешачката патека на Тумбе Кафе се реализираат во должина од 538 метри со средства од Општина Битола во вредност од 5.304.304 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*