.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Патронажна служба за изнемоштените лица

Патронажна служба за изнемоштените лица

Денес ќе најавам еден проект кој како предлог произлезе од самите битолчани, по што извршивме и конкретна анализа на реалните потреби и оправданоста.

Општината ќе формира посебен Оддел за давање помош во домашни услови на старите и изнемоштени лица и лицата со посебни потреби.

Новата патронажна служба која ќе функционира во рамките на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ и ќе ги сервисира граѓаните кои имаат потреба од домашна нега и грижа, а нивната состојба дозволува да се избегне згрижување во болница или геронтолошка установа.

Службата ќе обезбедува лична и домашна хигиена, подготвување на храна и исхрана, облекување, затоплување на просториите, придружување и обезбедување на преглед од матичен лекар, плаќање на сметки итн.

Проектот ќе чини 4.220.000 денари, а со реализација ќе почнеме на почетокот на следната година.

Во оваа прилика сакам да најавам уште една мерка на општината за подигнување на основната информатичка култура кај старите лица и лицата со попреченост.

Ќе ги субвенционираме постоечките и ќе организираме почетни курсеви за основно познавање на работа со компјутер, интернет, комуникација преку социјални мрежи и користење на мобилни апликации.

Ова е во прилог на нашата решеност општината, во рамките на своите надлежности, да биде општина на сите граѓани независно од возраста,истакна на прес конференцијата  Зоран Илиоски,кандидат за градоначалник на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*