Home / Македонија / „Пелистерка“ испрати повеќе од 10 тони вода во поплавените подрачја

„Пелистерка“ испрати повеќе од 10 тони вода во поплавените подрачја

Компанијата „Пелистерка“ испрати повеќе од 10 тони вода во загрозените подрачја, односно над 7.000 шишиња.

-Во соработка со Црвениот крст, „Пелистерка“ дистрибуира флаширана вода за пиење до населението во загрозените региони. Водата е дистрибуирана до центрите на Црвен крст во Скопје, Штип, Кочани и Битола. Ситуацијата во источна Македонија ја следиме со огромна загриженост. Без размислување и резерви решивме да го испратиме овој конвој со свежа вода за пиење која, се надеваме, барем малку ќе им ја олесни состојбата и ќе им помогне на оние на кои што им е најпотребно“, информираат  од „Пелистерка“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*