Don't Miss
Home / Uncategorized / Пендаровски за неколку часа собра над 15 илјади потписи

Пендаровски за неколку часа собра над 15 илјади потписи

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ја доби

огромната поддршка на граѓаните за неговата кандидатура за

претседател на државата во сите градови во Република Македонија.

За кандидатурата на Пендаровски се изјаснија во само еден ден

над дваесет илјади граѓани, а тој ја доби поддршката и на 60

пратеници.

-Во историјата на Македонија ова е единствената кандидатура за

претседател на државата која е поддржана од сите. Како од граѓ

аните, така и од над 30 политички партии. Зад кандидатурата на

Пендаровски се изјаснија и Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби,

Роми, Бошњаци. Ова заедништво на најдобар начин покажува како

ќе биде на изборниот ден на 21 април. На граѓаните им е потребен

вистински претседател. Претседател којшто гледа напред, кон

перспектива, и што ќе ја води државата кон ЕУ и НАТО. Со еден збор

на нашата држава и на граѓаните, потребен им е Стево Пендаровски-

истакна на денешниот бри4нг со новинарите, генералниот секретар на

СДСМ и актуелен пратеник, Александар Кирацовски.

Тој притоа истакна дека само за неколку часа според

информациите од ДИК, собрани се над 15 илјади потписи. И според сите

прогнози, денеска таа бројка ќе биде надмината за над 20 илјади

потписи за поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски.

Одговарајќи на прашањето, како ќе ја коментира изјавата на

Стево Пендаровски дека бил следен од служби блиски до опозицијата,

Кирацовски изјави:

-Штом иден претседател на државата, алудира на одредени индиции за

следење од одредени служби, евидентно е дека истите постојат, и

тука МВР веднаш презеде иницијатива истите да бидат откриени и истите

да бидат изведени пред лицето на правдата- додаде Кирацовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*