Home / Вести / Пензионерите ги освежуваа битолчани кои чекаа пред банките

Пензионерите ги освежуваа битолчани кои чекаа пред банките

Согледувајќи ја состојбата со високите температури во земјата, Здружението на пензионери од Битола, денес претпладне организира акција за доделување вода на оние граѓани кои чекаа во редици да завршат одредени обврски.

. За таа цел, претседателката на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, Даница Петличкова и неколку пензионерки- волонтери, на граѓаните кои чекаа во редици пред банките им доделкуваа шишиња со вода.

Ваквата хуманитарна акција на здружението на пензионери ќе продолжи и натаму со цел граѓаните да не се доведат во состојба да почувствуваат тешкотии од големите горештини во нашиот град.    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*