Home / Вести / Петровска конечно излезе од сопствениот карантин

Петровска конечно излезе од сопствениот карантин

                  

Лицемерие, неспособност, неорганизираност, незнаење, хаос – вака во пет збора може да се опише владеењето на оваа локална власт и градоначалничката Наташа Петровска. По безмалку 60 дена од вонредната состојба во државата, поради кризата со вирусот ковид 19, битолската градоначалничка, која мандатот го помина во бунило и карантин, дури сега и текна да свика вонредна седницa. Почитувани, што е ако не чисто лицемерие, објавувањето на некакви економски мерки од страна на Петровска, а тие никако да се операционализираат, преку нивно донесување на Советот, a и нивната неславна судбина да заврши само со еден поетичен статус на Фејсбук, а и по некој новинарски извештај.

Ова го истакна локалниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Иванчо Тошевски на денешната прес конференција.

          Тој притоа додаде:

-Лицемерно е и одбивањето на сетот економски мерки кои ние како советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ги предложивме. Ниту во редовни, а уште помалку во вакви вонредни услови и по повеќе од две години Петровска никако сериозно да се зафати за работа и да одговори на обврските за кои беше избрана, барем на редовните за нормалното функционирање на градот и општината, а веќе одамна граѓаните не очекуваат ништо од реализација на она што го ветуваа.

 Изгубениот кредибилитет, урнисаниот рејтинг и неработењето ќе им го покажат набрзо нивното вистинско место. И на крајот, во оваа прилика имаме една сугестија до министерот Филипче, Наташа Петровска да ја избере за најдисциплиниран граѓанин, зашто таа и така веќе две и пол години не е излезена од сопствениот карантин, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ и советник во Советот, Иванчо Тошевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*