Don't Miss
Home / Uncategorized / Петровска предложи буџет од 32 милиони евра

Петровска предложи буџет од 32 милиони евра

Доколку советниците го усвојат вкупниот буџет на Општината Битола, кој денеска го предложи градоначалниката Наташа Петровска ќе изнесува цели 32 милиони евра.

Основниот буџет е околу 535 милиони денари, а заедно со дотациите од државата над 1,8 милијарди денари., или вкупниот буџет ќе изнесува 32 милиони евра пшто е убедливо најголемиот буџет кој го имала Битола досега.

Во оваа сума се и 2,5 милиони евра пари кои се од државата, односно ЕСМ за инвертер климите кои во текот на следниот месец општината ќе треба да ги подели на јавниот повик кој ќе биде објавен.

Инаку во буџетот за наредната година ќе бидат префрлени околу 5 милиони евра што Општината не ги искористи годинава, а кои ѓи има на жиро сметката.

Префрлањето на овие средства во буџетот за наредната година опозицијата го коментираше како немање идеја и проекти за реализација на буџетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*