Home / Uncategorized / Пијани битолчани дивееа во ноќниот клуб “Расчекор“ и се пресметаа со полицијата

Пијани битолчани дивееа во ноќниот клуб “Расчекор“ и се пресметаа со полицијата

Ноќниот клуб “Расчекор“ кој во Битола важи за еден од најрепрезентaтивните но и како клуб каде често се случувааt  инциденти, синоќа беше место каде што, пијани битолчани повторно дивееа.
Според информации на СВР- Битола, ноќта во саботата спроти неделата околу 02,30 часот во Битола во кафе-барот “Расчекор”, Ѓ.Т.(34) од Битола кој бил во друштво со уште три лица и бил видно под дејство на алкохол, без повод и причина почнал насилнички да се однесува, нарушувајќи го јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување.
Во непосредна близина до него седел полициски службеник, кој се легитимирал, повикувајќи го истиот да се повлече и да престане со таквото однесување. Во тој момент, Ѓ.Т. се доближил до полицискиот службеник и му упатил сериозни закани по животот и телото, а потоа со тупаница му задал еден удар во пределот на главата, нанесувајќи му телесни повреди.

Со ова дејствие предизвикал чувство на загрозеност кај присутните, страв и несигурност, при што истите во паника и трчање го напуштиле објектот.
Од страна на полицискиот службеник, Ѓ.Т. бил лишен од слобода и задржан во СВР-Битола, каде извршено му било алкотестирање, при што е утврдено присуство на 2.83 промили алкохол во крвта.
Околу 03.00 часот во СВР-Битола дошле М.Ј.(33) и Ј.К.(27) двајцата од Битола, кои побарале да го земат Ѓ.Т., по што почнале да ги навредуваат присутните полициски службеници, а откако било побарано од истите да се легитимираат, одбиле и во еден момент се обиделе да им нанесат удари со раце.

Лицата се лишени од слобода и извршено е алкотестирање при што кај М.Ј. е утврдено 2,66 промили, а кај Ј.К. е утврдено 1.63 промили алкохол во крвта.

Од страна на истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*