Home / Uncategorized / Планинари од Скопје се изгубиле на Кајмакчалан

Планинари од Скопје се изгубиле на Кајмакчалан

Група планинари од Скопје, кои во текот на вчерашниот ден од грчката страна на границата се искачувале на Кајмакчалан при враќањето се изгубиле.

Според засега непотврдени информации на Нова Македонија вчреа околу 50 планинари од Скопје се искачиле на Кајмакчалан. Од грчката страна. Подоцна во Лутраки каде било зборното место се вратиле 48 од нив, а двајца  не биле во групата. Веднаш по нив почнала потргата , како на дел од скопските планинари, така и на некои грчки планинари.

Од Центарот за спасување и справување со кризи во Битола ни ја потврдија оваа информација и  тие  во моментот со оглед на тоа што хеликоптер не може да полета во нивно пронаоѓање и спасување тие се организираа и тргнаа во потрага по нив.

Инаку од таму ни потврдија дека планинарите наводно биле лоцирани по нивните мобилни телефони, на некоја гранична караула, но бидејки такви на Кајмакчалан ги има повеќе не знаат каде се наоѓаат тие.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*