Home / Вести / Плодност ги намали цените за ПСР тестовите

Плодност ги намали цените за ПСР тестовите

Приватната Болница „Плоднoст“ од Битола објави дека ги намалува цените за изведување на PCR тест за присуство на SARS CoV-2. „Имајќи ја во предвид моменталната состојба и моќта на пациентите во време на COVID-19 пандемијата, ние се солидаризираме со нашите пациенти и нудиме дополнителен попуст за изведување на PCR тест за присуство на SARS CoV-2“, велат од Плодност.

Сега PCR тестот чини 2500 денари за едно лице. Од „Плодност“ информираат дека нудат и фамилијарен пакет, односно цената за две лица чини 2400 денари по лице, за три лица 2300 денари по лице и за четири лица 2200 денари  по лице. Резултатите од Болница „Плодност“, молекуларна лабораторија се валидни и признаени од Министерството за здравство и влегуваат во ковид статистиката на пријавени случаи во државата. Тестовите се сертифицирани и признати за патување во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*