.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Спорт / По три децении повторно во Битола: Касим Каменица тренер на Пелистер

По три децении повторно во Битола: Касим Каменица тренер на Пелистер

Тоа што веќе околу еден месец го најавивме, во саботата,  веќе е официјализирано на прес- конференцијата која ја одржа раководството на Ракометниот клуб Пелистер, којашто беше одржана во просториите на клубот.

Тренерот Касим Каменица по пауза од триесет години повторно се враќа на клупата на битолски Пелистер.

Касим Каменица, човекот кој со успех го водеше клубот од Битола во поранешна Југославија за време на 80-тите години на минатиот век, одлучи да го прифати повикот и да застане на чело на новиот проект на Пелистер, кој одново се стреми да се врати на славните патеки од минатото и да се најде на врвот на македонскиот ракомет.

-Клубот веќе извесно време е во сопственост и под надлежност на Општината Битола. Минатата година се стабилизиравме финансиски и орагнизациски, а со назначувањето на Каменица потврдуваме дека ова е проект за долг рок. Очекуваме со доведувањето на овој тренер и спонзорите од градот да видат дека се работи сериозно и дека конечно ќе имаме поддршка и од нив за да го доведеме клубот онаму каде што припаѓа. Со целосно ангажирање на сите структури е шансата за успешен Пелистер,  изјави Никола Пискачев, член на Управниот одбор на РК Пелистер.

Каменица веќе престојуваше во Битола и се запозна детално со играчкиот кадар со кој располага Пелистер, а најави не неколку засилувања за идната сезона.

Каменица неофицијално имал и средби со претседателот на РФМ Живко Мукаетов и го најавил својот план за развој не само на Пелистер, туку и на це-лиот регион, за што добил целосна поддршка.

Инаку, Каменица во Битола работеше во периодот од 1985 до 1988 година, а потоа седел и на клупата на Загреб, Вардар, Кометал Ѓорче Петров, Младост – Богданци, Пруле, Целје, Ловќен, а како селектор работел во Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во Пелистер доаѓа од Турција каде го прекина својот петгодишен договор.

 

 

С.Р.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*