Home / Спорт / Победа на Антон Златков во “тај-брејк”

Победа на Антон Златков во “тај-брејк”

                       

Антон Златков е победник на младинскиот шаховски турнир „Державин 2019” што викендов се одигра во Битола. Со оваа победа Златков  беше  изедначен со Андреј Велјановски, но Златков беше подобар по „тај-брејк” критериумите.

Двајцата шахисти освоија по 6 бода од 7 партии, играјќи на два пати реми и пет пати победувајќи, па дури и нивниот меѓусебен меч заврши без победник.

Така, на крајот судиите мораа да изберат еден од нив, па согласно пропозициите Антон Златков како играч со подобар Бухолц (збир на освоените поени од противниците со кои играл), го понесе епитетот победник.

За 12-годишниот  Антон Златков ова е втор освоен турнир  откако во септември за прв пат славеше на турнирот „Езерска кралица” во Струга, со што уште еднаш го потврди својот мандат како најперспективен млад шахист во Македонија.

 Зад второпласираниот Велјановски, кој пак славеше на турнирот „Квалитет” одигран во мај и имаше импресивен настап со младинската репрезентација до 16 години во Турција, на делба на третото место со по 5 бода беа Стојан Велкоски и Леонид Петрески, додека на петтото место е уште еден млад и надежен шахист, Кирил Николовски со само 10 години, кој е предводник на поголема група играчи со освоени 4,5 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!