Don't Miss
Home / Свет / Почина Џорџ Мајкл, поранешниот вокал на „Вем“

Почина Џорџ Мајкл, поранешниот вокал на „Вем“

Поранешниот вокал на групата „Вем“, Џорџ Мајкл вечерва почина во 53. година од животот.

Веста за смртта на легендарниот музичар ја објави неговиот публицист, а според изворите од полицијата, неговата смрт не се должи на сомнителни околности.

Во писмено соопштение, публицистот на Џорџ Мајкл истакна:

– Со жалење ве известувам за смртта на нашиот сакан брат, син и пријател Џорџ Мајкл. Тој почина вечерва мирно во својот дом во Оксфордшир за време на божиќните празници – се вели во соопштението.

Помеѓу најпознатите песни на поп иконата се хитовите „Careless Whisper“, „Last Christmas“ и „Freedom“, а во текот на својата 30-годишна кариера освои многубројни награди.

За животот на Џорџ Мајкл е снимен и документарниот филм „Поинаква приказна“ (A different story) во кој е опишува приватниот и професионалниот живот на поп иконата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*