Home / Свет / Почина славната комичарка Џоан Риверс

Почина славната комичарка Џоан Риверс

Славната комичарка и водителка на популарниот телевизиски канал “Е“ Џоан Риверс (81) почина денеска во њујоршката болницата „Маунт Синај”, соопшти нејзината ќерка Мелиса Риверс.
На 28 август таа беше пренесена во болница, откако престанаа да дише во текот на операцијата. Џоан Риверс (81) која по операцијата на гласните жици престанала да дише повеќе од десет дена беше во критична состојба.
Лекарите повеќе дена ја држеа во вештачка кома. Нејзината ќерка Мелиса се заблагодари на бројните пораки кои ги испраќаат славните и изразуваат сочувство и  поддршкa .
Комичарката беше позната по нејзиниот остар јазик во популарните шоу-а “фешн полис” и “во кревет со Џоан”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*