Home / Uncategorized / Почна конгресот на ВМРО ДПМНЕ

Почна конгресот на ВМРО ДПМНЕ

Во 17 часот започна Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ за избор на нов лидер со пријавување на делегатите. Пријавувањето ќе трае до 19 часот, а потоа ќе следува интерна дискусија на која секој делегат ќе може да земе збор. Гласањето за нов лидер, за што единствен канидиран е Христијан Мицковски, ќе се случи утре.

Претседателот на организацискиот одбор, Спиро Ристовски кој директно беше посочен дека работел во корист на Мицковски, рече дека партијата следните чекори ги прави согласно одлуките на партиските тела и додаде дека имало конструктивна и конкретна дебата во партијата и нејзините тела од која тој како претседател на организацискиот одбор е задоволен.

-Лично ги поддржувам личните размислувања на поединци од партијата и секако на партиските функционери. Партијата следните чекори ги прави согласно одлуките на партиските тела, а Извршниот и Централниот одбор не ја изменија одлуката за одржување на Конгресот на 22 и 23 декември во Валандово. Па еве сме тука и продолжуваме со работа, рече Ристовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*