Home / Uncategorized / Почна обештетувањето на штедачите на ТАТ

Почна обештетувањето на штедачите на ТАТ

Над 6.000 штедачи во наредните неколку дена ќе добијат по 1 отсто од своите признати штедни заштеди, кои ги изгубија по пропаѓањето на штедилницата и менувачницата ТАТ Битола, која банкротира пред 17 години, во 1997 година.
По продажбата на златото и златниот накит на Соња Николовска, кој со правосилна судска пресуда им беше доделен на штедачите, за нешто повеќе од 150.000 евра и со средствата од продажбата на хипотеките стечајниот управник на ТАТ, Душко Јанкуловски и стечајниот судски совет донесоа одлука да им исплатат на “татовци” по 1 отсто од штедните влогови.
Иако ваквото обештетување е минимално, сепак ги израдува штедачите на ТАТ, а посебно штедачите со повисоки штедни влогови.
За обештетување на штедачите ќе бидат издвоени над 15 милиони денари, а со ова обештетување ќе бидат опфатени над 6.000 штедачи.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*