Home / Вести / Почна партерното уредување на просторот околу Офицерскиот дом

Почна партерното уредување на просторот околу Офицерскиот дом

       

По целосната реконструкција на зградата на Офицерскиот дом во Битола, почна и партерното уредување околу овој објект.

Деновиве екипите на ЈКП „Водовод“ работат во делот на интервенирање во местата каде што е предвидено да биде поставена дополнителна опрема со која ќе се наводнува околниот простор.

Офицерскиот дом се реконструира со средства кои Општина Битола, на иницијатива на градоначалничката Петровска, ги обезбеди со изготвениот проект за кој  доби подгрант средства од Европската Унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија, администриран од Светска банка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*