Home / Вести / Почнува 20 јубилејна акција “Избор на најуспешни битолчани 2018 “

Почнува 20 јубилејна акција “Избор на најуспешни битолчани 2018 “

Со крајот на Старата 2018 година , Битолски весник  стартува со подготовките  за годинашната јубилејна, 20 по ред, традиционална Манифестација “ Избираме најуспешни битолчани 2018”

Иако до одржувањето на Манифестацијата , петок  22 февруари, (пре)остануваат уште цели два  месеци, сепак уште од сега можеме да кажеме дека интересот за  Изборот, како и секоја година, така и овој пат  е огромен.

Уште од сега редакцијата на Битолски весник е буквално бомбардирана со предлози за најуспешните.  Постојано во нашата редакција, на порталот, како  и на нашите мобилни телефони се јавуваат наши читатели  кои ни предлагаат кандидати за признанијата.

Тоа е најдобара најава дека како и во изминатите години, така и  оваа 20 по ред, јубилејна манифестација ќе биде биде масовно посетена и дека ресторанот  “Вавилон” ќе биде претесен да ги прими сите гости и заинтерсирани во живо да ја следат Манифестацијата.

Инаку како и секоја година, така и овој  пат, на Манифестацијата ќе бидат избрани најуспешните во  областа на политиката, бизнисот, стопанствто, здружнија на граѓани, образованието, спортот, естрадата, културата, занаетчиството,уметноста.

Од овој број на огласната страница  на Битолски весник, каде го објавуваме  првиот гласачки купон, како и на порталот на Битолски  весник нашите читатели можат да предлагаат кандидати  за престижните признанија на Битолски весник.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!