Home / Вести / Поинаку организира кафе дружење на Тумбе кафе

Поинаку организира кафе дружење на Тумбе кафе

                       

            Секогаш иновативните членови на независната листа Поинаку организраа поинаков начин на дружење со своите поддржувачи.

            Тие на култното Тумбе кафе остварија  заедничко дружење со битолчани од 7-77 годишна возраст. Тие потсетије нљ годините кога на ова култно место битолчани пиеја кафе со локум и се дружеа со песна и игри.

            -Ние го искористивме релаксирачкиот момент и мирот кој го нуди ова место, засладено со турско кафе и локум да  се потсетиме на едни убави времиња, кога во Битола навистина се живееше и функционираше оваа култна меана од времето на Керим Паша па се до 1987/88 година.

Оваа скромна акција, дружба и иницијатива се надеваме дека ќе допре до надлежните институции кои ќе се сетат дека во Битола има многу оставени и руинирани објекти кои се со огромно значење за битолчани и потенцијалните туристи кои го посетуваат нашиот град, велат од Поинаку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*