Home / Uncategorized / Покрај Франција и Данска и Холандија рекоа НЕ

Покрај Франција и Данска и Холандија рекоа НЕ

Откако лидерите на Европската Унија вчера не успеаја да донесат одлука во однос на отворањето на пристапни преговори со Македонија и Албанија, бидејќи Франција, Холандија и Данска сметаат дека двете земји не се спремни, се очекува денес да биде дефинитивно познато дали Германија и другите поддржувачи на преговорите ќе се изборат за макар некаков компромис со трите скептични држави.

-Нема заклучоци денеска – изјави доцна синоќа финскиот премиер Анти Рине, при излегувањето од зградата на Советот на Европската унија, додавајќи дека се надева оти е можно денеска да се постигне договор.

Сепак, холандскиот премиер Марк Руте за новинарите рекол дека дискусијата за проширувањето се оставени за следниот Европски совет.

-Сите признавме дека и во Северна Македонија како и во Албанија, завршена е огромна работа – рече тој, но воедно додаде дека има уште работа да се направи во обете држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*