Home / Вести / Покрената истрага за ранетиот ловџија

Покрената истрага за ранетиот ловџија

Веста дека на регионалниот пат  А 3, Битола- Ресен,  кај местото викано Ѓавото било рането лице, кое веднаш било пренесено во Клиничката болница во Битола, ја потврдија од СВР Битола.

Но во битолската полиција освем тоа што само ја потврдија веста дека било повредено лицето М.С на 35 годишна возраст не сакаат да изнесуваат повеќе детали во јавноста.

Според полицијата на местото каде што било рането лицето М.С. излегол јавен обвинител, кој извршил увид на настанатот и почнал со истрага за случајот.

Вo СВР Битола  ни рекоа дека на патот имало и двајца ловџии. Сега останува истрагата да утрди како дошло до повреда на лицето  М.С. кој се здобил со прострелна рана во стомакот.

Тој веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде бил опериран на хирушкото одделение.

Засега во врска со овој случај од Основото јавно обвинителство не сакаат да даваат подетални информации, бидејки истрагата е во тек.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!