Home / Вести / Политички говори за државниот празник Илинден

Политички говори за државниот празник Илинден

И покрај тоа што говорниците од Семакедонската 46  иселеничка средба  во Трново, кај Битола, во дворот на црквата Св.Богородица, повикаа на семакедонско помирување и единство на македонскиот народ, како и на обединување на македонските политички партии,ВМРО ДПМНЕ и СДСМ,  кога се во прашање  државните национални нтереси на Македонија, тие со своите пламени говори уште повеке ги поделија присутните на прославата на Илинден, на Трново.

Во таква атмосвера, во која организаторите на Семакедонската средба, говорниците Тодор Петров, Иван Џо  Петровски и  градоначалникот на Битола, Владимир Талески,  инаку покровител на средбата, во своите пламени говори упатија остри крикитики против наводно предваничката политика на актуелната власт, особено за потпишувањето на Договорот со Бугарија, преставниците на власта, министерот за земјоделие Љупчо  Николовски и Зоран Шапуриќ своите пораки за големиот празник  наместо од бината ги дадоа пред медиумите.

Сите говорници на Семакедонската средба откако упатија остри критки кон власта за потпишувањето на договорот со Бугарија, без задршка истакнаа дека овој Договор ќе ја има судбината на Санстефанскот договор и дека неговиот век на траење, како што рече претседателот на светскиот македоснки конгрес Тодор Петров ќе биде само неколку месеци.

-Договорот со Бугарија, кога ВМРО ДПМНЕ  ќе се врати на власт  првото нешто  што ќе го направи ќе биде  да го поништи овој договор, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски.

Говорниците на средбата  остро ја критикуваа одлуката на Владата за заедничко прославување на Илиден со Бугарија, истакнувајќи дека Илиденското востание е Македонско востание и дека Илинден е празник  само на Македонците.

-Илинден е национален празник на Македонија и ние отрфламе било какво заедничко македонско и бугарско чествување на Илинден. Посакуваме државни договори со траен мир и добрососедство со сите народи околу нас.Но помирувањето треба да биде врз меѓународни принципи, на еднкава сувереност и немешање во внатрешните работи  на државата и заемно почитување, рече претседателот на Матицата на иселениците, Иван Џо Петровски.

Откако претходно упати честитки до сите граѓани на Македонија по повод големиот празник Илинден,  одговарајќи на искажаните ставови и пораки од бината на Семакедонската средба  во Битолското село Трново, министерот за земјоделие Љупчо Николовски во изјава за медиумите истакна:

-Во ова време кога Македонија  силно зачекори кон промените кои значат правда, институции, слобода и живот за Македонија, кое што беше побарано од најголемиот број  граѓани на Македонија за да се создадат услови за живот, никој не може да се скрие зад својот лажен патриотизам и со лаги и манипулации нема  да се спаси од одговорноста од криминалното владење во изминатите години, рече Љупчо Николовски, во изјава за медимуите.

Прославата на Илинден продолжи со Семакедонска веселба на големиот број граѓани и иселеници присутни  во Трново.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!