Home / Вести / Полицијата уапси шестчлена малолетна група провалници во Битола

Полицијата уапси шестчлена малолетна група провалници во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе Извештај до надлежното ОЈО против шест малолетни лица од кои  – две на возраст од 17 години, две на возраст од 13 години, како и две лица од 15, односно 16 годишна возраст – поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно четиринаесет кривични дела – “кражба”, и “тешка кражба”.

Имено, пријавените во 14 наврати, односно случаи, при тоа во различен состав од лица, во периодот од 11.04 до 14.08. годинава низ повеќе локации во Битола – централното градско подрачје, населба Нова Битола, на влезот во Битола, од пред куќи, визби, влезови на згради, одземале разни марки моторцикли-скутери: “ЈИЈИНГ”, “Априлија СР50”, “Гарели”,”Ѕамаха” ЅЗ450, велосипед марка Специализед, сопственост на граѓани од Битола. Кражбите ги вршеле групно на начин што со употреба на погоден алат ја отстранувале препреката, доаѓале до моторциклите и со туркање ги одземале истите. Пријавените со превземените дејствија предизвикале вкупна материјална штета од 904.000 денари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!