Home / Uncategorized / Полициска акција против (нарко)дилерите во Битола

Полициска акција против (нарко)дилерите во Битола

Денеска доцна попладнето, инспектори на битолската полиција од секторот за наркотици беа во опсежна акција за фаќање на дилери на дрога.
Акцијата беше спроведена против НН лица, на улицата “Јане Сандански“, во близина на Битолски весник.
Иако засега не се знаат поединостите околу тоа колкумина дилери на дрога беа предмет на акцијата на полицијата, сепак од инспекторите кои беа вклучени во акцијата ни изјавија дека во спречувањето на криминалот со наркотици битолската полиција во последно време прави се истиот да го сведе на минимум.
-Лесно е да се фати дилер на дрога кој “шверцува “ поголеми количини. Најтешко се “ловат“  нарко дилерите кои работаат на грамови, во шега ни посочија некои од инспекторите кои беа вклучени во акцијата за фаќање на нарко дилери.
Инаку,  на улицата” Јане Сандански “ битолската полиција и денеска во утринските часови  изврши рација за фаќање на некој од наркодилерите и според некои од очевидците притоа имало и некој уапсен.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*