.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Помош од АВМУ за радијата и телевизиите

Помош од АВМУ за радијата и телевизиите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одлучи да додели финансиска помош – донација за справување со последиците од коронавирусот (COVID-19), во вкупен износ од 105.000.000,00(сто и пет милиони) денари.

Најголемиот дел од средствата или 103.000.000,00 денари се доделуваат на радиодифузерите и тоа:73.000.000,00денари на радиодифузерите (комерцијални и непрофитни) коишто во моментов вршат телевизиско или радио емитувањеи 30.000.00,00 денари се доделуваат на Јавниот радиодифузен сервис „Македонска радио телевизија“. Овие средства се доделуваат за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства, за трошоци поврзани со производство, набавка и емитување на програма, за санирање на негативните последици врз нивното економското работење поради коронавирусот и овозможување нивно непречено функционирање.

По 1.000.000,00 денари  се доделуваат на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, наменети за мерки и активности за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства и набавка на друга опрема и средства неопходни за извршување на активностите на Министерствата за превенција, спречување ширење и справување со последиците од коронавирусот.

Средствата за радиодифузерите ќе бидат распределени на следниов начин:

  • на сите радиодифузери, кои во 2019 година и во 2020 година го имаат платено годишниот надоместок  за телевизиско или радио емитување на сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ќе им биде вратен уплатениот износ за надоместокот за дозвола за 2019 и за 2020 година, намален за износот на данокот на додадена вредност. Вкупниот износ на средства кои се доделуваат по овој основ е 65.099.000,00 денари;
  • на радиодифузерите на кои рокот за плаќање на годишниот надоместок за дозвола им доспева по донесување на Одлуката за донација, и тоа до крајот на 2020 година, Агенцијата нема да го побарува годишниот надоместок, туку ќе им издаде фактура чија висина соодветствува само на износот на данокот на додадена вредност. Вкупниот износ на средства кои се доделуваат по овој основ е 7.901.000,00 денари.

Со сите субјекти, Агенцијата ќе склучи договори за донација кои ќе стапат на сила веднаш по потпишувањето од страна на договорните страни, а ќе се применуваат по добиеното позитивно мислење за јавниот интерес од страна на Министерството за правда.

Се надеваме дека со оваа мерка ќе се олесни работењето на радиодифузерите и ќе се овозможи нивно непречено функционирање и понатаму. Воедно, уште еднаш ги повикуваме сите медиуми да известуваат професионално и одговорно и да и обезбедуваат на јавноста точни, навремени и објективни информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*