Don't Miss
Home / Македонија / Попладнево резултатите ќе покажат дали во Македонија има ебола или не?

Попладнево резултатите ќе покажат дали во Македонија има ебола или не?

Резултатите од лабораторијата во Хамбург треба да покажат дали во македонија има ебола или не.

Попладнево ќе ги соопштат од Министерството за здравство. И официјално ќе се знае од што почина британскиот бизнисмен Колин Џефри. Неговото тело веќе два дена во специјален лимен ковчег е сместено во посебна просторија на Инфективна клиника. Исто толку време во карантин се и 25 гости и персонал од хотелот Супер 8 во Мавровка. Нивната здравствена состојба е добра и постојано се под надзор од епидемиолози и лекарски екипи.

Сомнителниот случај на ебола ја смести Македонија на насловните страни во многу светски медиуми. Во земјата има и бројни странски телевизиски екипи кои ги следат случувањата со сомнителниот случај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*