.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Поплавени 400 хектари земјоделски површини во Гнеотино, општина Новаци

Поплавени 400 хектари земјоделски површини во Гнеотино, општина Новаци

Заради неповолната хидрометеоролошка состојба, критичното ниво на река Црна и настанатите поплави на земјоделските површини во Гнеотино денеска состанок одржа кризниот штаб составен од сите релевантни институции: градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, претставници на ЗК Пелагонија, Битолско Поле, ДЗС и ЦУК.

-Имаме критична состајба во делот на општина Новаци односно кај село Гнеотино каде е пробиен 10-тиот канал односно е скинат насипот при што се поплавени 100 хектари земјоделски површини на индивидуални земјоделци и 300 хектари површини на ЗК Пелагонија.

CRNA_002

Поплавите имаат тенденција да се прошируваат иако нивото на река Црна е намалено за 20 сантиметри и изнесува 3.80 метри.Заради неповолната временска прогноза за следните денови кога за в четврток и петок се најавени нови обилни врнежи денеска се состанавме со цел да се координираме и да ги преземиме потребните мерки за да не дојде до влошување на сегашната состојба. На терен на критичните точки постојано се интервенира со механизација, активирани се пумпи кои ја црпат водата од поплавените површини и ја враќаат во река Црна-  рече градоначалникот Котевски.

 

Општина Новаци објави соопштение во кое се известуваат сите земјоделски производители кои претрпеле било какви штети од настанатите поплави да достават барање до Комисијата за проценка на штети при општина Новаци , со цел да се направи увид на лице место.

 

Кон барањето потребно е да се достави имотен лист, договор за закуп односно концесија или друг доказ за сопственост на поплавените површини.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*