Home / Вести / Поради грешка или неажурност на општинската администрација стопирана изграбата на новата болница на “Плодност“

Поради грешка или неажурност на општинската администрација стопирана изграбата на новата болница на “Плодност“

        Во моментот кога  државата  на секој начин настојува  да привлече инвеститори, Општината Битола  ја стопира инвестицијата на Прим. Д-р Таше Трпчевски за  доградба на болницата “ Плодност “ во износ од  3,5 милиони евра и вработување на најмалку нови  стотина стручни лица од медицинскиот кадар.

        Ова го тврди сопственикот на приватаната гинеколошко акушерска болница “Плодност“, Битола  Прим. д-р Таше Трпчевски, кој откако претходно  ги платил средствата  за комуналиите кои му ги побарала локалната власт за доизграба на болницата, тој  бил спречен да гради бидејќи  наводно стручните служби на Општината погрешно пресметале колку тој треба да плати комуналии.

        Откако ги платил комуналиите сопственикот на болницата “Плодност “ долго време чекал да добие одобрение за градба, но наместо одобрение тој би стопиран да гради бидејки службите на општината кои поради пандемијата го маткале долго време погрешно пресметале комуналии, па побарале од него тој да се откаже од проектот.

        Во меѓувреме д-р Таше Трпчевски подигнал кредит за (до)изградба на болницата и плаќа камати, но не може да гради, бидејки е стопиран.

        Но за тоа во општината Битола мува не ги лази.

        Според  д-р Таше Трпчевски сите настојувања да се најде решение за грешката на локалната власт биле безуспешни.

        Во меѓувреме темелите на новата болница се ископани и поставени, но “Плодност “ не може да се прошири бидејки службите од Општината Битола не сакаат  да му издадат одобрение за градба.

-Мене не ми е јасно каков е овој однос кон домашните инвеститори. Додека странците ги молиме да инвестираат кај нас и им нудиме разни поволности мене не ми дозволуваат  да градам  болница во која ќе се лекуваат пациенти не само од Битола, туку и од Регионот.Не знам на кој му смета “ Плодност “, вели Прим. Д-р Таше Трпчевски, кој иако беше подготвен да плати кмуналии колку што сака Општината, поради ваквиот индифирентен однос на општинската администрација сега размислува да ја стопира (до)изградбата на болницата и просторот каде што таа требаше да биде изградена да го пренамени во паркинг.

Со цел да добиеме одговор на прашањето кои се причините         за стопирањето на (до)градбата на болницата “ Плодност “ се обративме до  Општината Битола, но засега од таму одговор нема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*