Home / Вести / Поставен камен темелник за нова управна зграда на ЈКП “Водовод “

Поставен камен темелник за нова управна зграда на ЈКП “Водовод “

              

         ЈКП “ Водовод “ Битола по 92 години  конечно ќе се стекне со сопствена управна зграда.

         Во присуство на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, градоначалничката Наташа Петровска и претставници на локалната самоуправа беше  поставен камен темелник на новата управна зграда, со корисна површина на 1.540 м2

        За изграбата на новата управна зграда ЈКП “Водовод“ ќе вложи вкупно 42.700.000 ден. сопствени средства.

-Оваа управна зграда била желба на многу директори многу години наназад, но сега се создадоа услови
“Водовод“ по изминати 92 години   да добие свој сопствен дом, рече директорот,  Горан Козаров.

Честитајќи им го успехот на вработените градоначалничката Наташа Петровска рече:

-Оваа локална самоуправа и власт земајќи во предвид и кои се политиките на централно ниво успеа да врати, односно да исплати кон јавните претпријатија што за изведба, што за заостанати долгови од претходната власт над 6 милиони евра, од кои само во ЈП “Водовод“ повеќе од 500.000 евра. рече Петровска.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски изјави:

 -Ова е значајна инвестиција за ЈКП “ Водовод  “ зашто после 92 години на некој директор му текна да направи сопствена управна зграда и да не е кираџија, рече  Горан Милевски.

Според договорот управната зграда треба да биде изградена за 1 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*