Home / Вести / Потврдена почитта на Франција спрема Битолски весник

Потврдена почитта на Франција спрема Битолски весник

                 

          Битолски весник со години уживал голема почит кај француските амбасадори во Македонија.

          Имајки предвид дека во Франција државата има исклучителна почит спрема печатените медиуми, особено кон локалните и регионалните, француските амбасадори со години имаат посебен однос кон Весникот.

          Особена почит кон Битолски весник има францускиот амбасадор  н.е. Кристијан Тимоние.

          Дека тоа е така најдобра потврда е што за време на неговиот престој во Битола, по повод отворањето на интернационалниот фестивал  на филмската камера “ Браќа Манаки “, на барање на Тимоние ,утринава,  во Приватниот театар дојде до средба на  францускиот амбасадор  со сопственикот на Битолски весник, Менде Младеновски.   

          Менде Младеновски на амбасадорот Томоние му подари негови авторски книги, кои како што изјави тој ќе најдат посебно место во неговата библиотека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!