Home / Uncategorized / Повеќе пари за чист воздух

Повеќе пари за чист воздух

Коалицијата О2 денеска побара од премиерот Зоран Заев да ги исполни ветувањата, а во буџетот на министерството за животна средина да се издвојат минимум 2, 5 отсто за справување со загадувањето. Сега се издвојуваат 0,4 отсто.

-Владата пред да дојде на власт ветуваше дека приоритет ќе биде чистиот воздух и бараме минимум да се зголеми уделот за заштита на животната средина на 2,5%.“ – вели Татјана Чакулев од Коалицијата О2.

Во споротивно Коалицијата О2 најави дека ќе ја тужи државата ако не издвои повеќе средства за заштита на животната средина. Доколку премиерот не ги испочитува нивните барања ќе ги преземат сите правни чекори кои им се на располагање за покренување на постапки против Македонија за кршење на ратификуваните конвенции, Уставот, човековите и правата на детето и ќе достават тужба во Европскиот суд за човекови права.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*