Home / Култура / Предновогодишен филмски викенд за деца

Предновогодишен филмски викенд за деца

Oд денеска до 20 ноември во четири градови низ Македонија ќе бидат прикажани четири филмови за деца во рамките на проектот „Предновогодишен детски филмски викенд“ организиран од Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола. Филмовите се наменети за деца од 10 до 14 години. Во соработка со дистрибутерските куќи „Узенгија“ и „Катавеј“ избравме четири филмови од поновата европска продукција:

– ,,Фантастичното патување на Роби и Тоби” (2016, Германија)

– ,,Помош ! Ја смалив наставничката’’ (2015, Германија)
– ,,Господинот Мол и фабриката за чоколада’’ (2017, Швајцарија)
– ,,Господин шпион’’ (2016, Холандија)

Празничните денови се одличен повод да и го доближиме европскиот филм на најмладата публика градејќи критичка мисла и идна кино публика. За децата ќе бидат поделени новогодишни подароци за децата, симболични за новогодишната атмосфера и зимата.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на манифестацијата „Млади Европејци“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!