Home / Култура / Премиера на моно- операта “Дневникот на лудиот“ по текст на Гогољ

Премиера на моно- операта “Дневникот на лудиот“ по текст на Гогољ

Во Битола, за првпат беше  изведена моно- операта “Дневникот на лудиот“ според краткиот расказ на Николај Васиљвич- Гогољ, проект на Движечкиот музички театар (Moving Music Theatre) во соработка со Центарот за култура од Битола.

 

-Станува збор за современа опера која во себе главно ја содржи музичката драматургија. Не станува збор за класична опера, туку седумдесет проценти е музика а останатото е драмски текст. Моно- операта “Дневникот на лудиот“ дава поинаков, невообичаен импулс за публиката- истакна Марјан Неќак, режисер, сценограф во моно- операта кој воедно се погрижи и за музиката која доминира во овој проект.
Моно- операта е нова форма со која се среќавам во театарот, бидејќи во прв план не се ставени до крај совршените вокални или музички форми, туку музиката се користи како средство за изразување- вели Озрен Грабариќ, кој е задолжен за изведбата во моно- операта.

– Овој проект работен по краткиот расказ на Гогољ зборува за продлабочувањето на јазот во светот помеѓу сиромашните и богатите и фрустрациите со кои сите се соочуваме од таквата ситуација- истакна Грабариќ.

Инаку претставата пред публиката се изведува  на англиски и шпански јазик со превод на македонски.

Инаку, Движечкиот музички театар иако со седиште во Битола, Македонија се стреми да ги претстави нивните продукции насекаде низ светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*