Home / Вести / Претставени кандидатите за советници на Поинаку

Претставени кандидатите за советници на Поинаку

Во опуштена атмосфера, со дружење, непосредни разговори со гостите и музика, синоќа во старата битолска чаршија “Поинаку” ги презентираше своите кандидати за членови на Советот на Општина Битола, како и идеите и проектите кои сакаат да ги реализираат. 
     Чиста животна средина, добра инфраструктура и зголемен економски развој се приоритети на граѓаните, па затоа се и приоритети во нашата програма. Квалитетно образование, кариерни советувалишта, уредени паркови, велосипедски патеки, бројни културни манифестации, спортски сали,терени и настани, се само дел од она што е содржано во програмата која е изработена од битолчани. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*