Home / Градска хроника / Превентивна систематска дератизација

Превентивна систематска дератизација

Јавната здравствена организација Центар за јавно здравје  почна да врши превентивна систематска дератизација на територијата на Битола.

Од Центарот соопштуваат дека дератизацијата се врши со поставување отровни мамци за уништување глодачи на повеќето локации во градот.

– Со дератизацијата се опфатени подземниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес, како што се детски градинки, образовните институвии, домови за сместување, медицински установи, објекти на локалната самоуправа и други објекти. Дератизација ќе се изврши и на јавната депонија „Мегленци“ што ја користат јавните комунални претпријатија – велат од Центарот за јавно здравје Битола.

Тие предупредуваа граѓаните што ќе забележат мртви глодачи да не ги допираат и да не ги фрлаат, туку да пријават во надлежната служба во нивната установа.

Се препорачува во летниот период внимателно да се става ѓубре во контејнерите, за да не се растура во нивната околина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!