Home / Спорт / Прифатена оставката на Златко Димитровски, Петковиќ останува на клупата до среда

Прифатена оставката на Златко Димитровски, Петковиќ останува на клупата до среда

Во врска со поднесените оставки на спортскиот директор на РК Пелистер Златко Димитровски и тренерот Јошко Петковиќ, Управата на Пелистер излезе во јавноста со соопштение

Ракометниот Клуб Пелистер А.Д. – Битола  ја информира пошироката спортска јавност и вљубеници во ракометната игра за раскинување на договорот за соработка и ангажман на позицијата спортски директор со битолската и македонска ракометна легенда Златко Димитровски, кој на свое барање си поднесе неотповиклива оставка на функцијата спортски директор на РК Пелистер А.Д. Битола, по неколку слаби резултати на сенироската машка екипа во плеј оф натпреварите од машката Суперлига
Со оглед на функцијата која ја извршуваше, покрај останатите задолженија Димитровски беше директно задолжен и одговорен за изборот на стручен штаб  и играчки кадар на сениорската екипа, каде сите барања и исплата на плати на комплетниот ракометен колектив и тековни побарувања во целост се исплатени и реализирани од страна на Управнит одбор на РК Пелистер А.Д. Битола.

Р.К. Пелистер А.Д. – Битола искрено му се заблагодарува за досегашниот ангажман на битолската и македонска ракометна легенда Златко Димитровски во придонесот за подобра организација и успешно функционирање на РК Пелистер А.Д. – Битола од возобновување на сите ракометни категории од почетници, пионери, кадети и младинци во комплетна функција, опременост и учество во сите категории од системот на наптреварување на РФМ, како и модернизација и функционалност на целиот ракометен колектив.

Во однос на стручниот штаб, тренерот Јосиф Петковиќ, тој и неговите помошници ќе го водат натпреварот в среда со Бутел во Скопје, поради веќе направениот избор на играчки кадар, поставениот концепт на игра и краткиот временски период до следниот натпревар. Потоа ќе следува анализа на очекуваното и сработеното на стручниот штаб, за што Управниот одбор на РК Пелистер Битола дополнително ќе донесе одлука и истата ќе биде проследена до јавноста. Воедно, се заблагодаруваме на спортската јавност и навивачите во Битола за поддршката што ја имаме во изминатиот период, се вели во соопштението на РК Пелистер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*