Home / Uncategorized / Притвор за сите 6 пратеници

Притвор за сите 6 пратеници

На термин даден од судија на претходна постапка во петокот, денеска во Кривичниот суд се јавија шестемина пратеници од ВМРО ДПМНЕ опфатени со предлогот на обвинителството за организиран криминал дека треба да им биде определен притвор поради настаните во Собранието од 27 април.

Но, пред да дојдат пратениците кои останаа без имунитет, пред Кривичен се собраа неколкумина нивни сопартијци да им изразат поддршка – меѓу нив Зоран Илиоски, Крсто Јовановски, Драган Цуклев.

Прв пристигна пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Јохан Тарчуловски со неговиот адвокат Антонио Апостолски. Се поздрави со колегите, но не сакаше да коментира каква би била одлуката на судијата на претходна постапка пред кој е предлогот да му биде определен притвор.

По Тарчуловски пристигна Жаклина Пешевска. И таа се поздрави со колегите, па потоа сама влезе во Кривичниот суд без коментар. Нејзиниот бранител дојде подоцна. Единствен кој даде изјава пред да влезе во Кривичен беше пратеникот Крсто Мукоски. Според него нема правен основ за тој да оди во притвор, но последниот збор ќе го има судот, рече кусо Мукоски.

„Како пто гледате цело време сум достапен за судот, правно гледано, мислиме дека немааргументи за притвор, но судот нека одлучи и веруваме во него.“ – изјави Крсто Мукоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

Љубен Арнаудов дојде во присуство на неговиот адвокат. Пред да влезе во Кривичниот суд му пријдоа сопартијците кои му стегнаа рака и го прегрнаа во знак на поддршка. Последен влезе Сашо Василевски. Не застана за изјава, само во од рече медиумите да го почекаат исходот од распитот.

„Фала ви за поддршката и не се плашите.“ – изјави Сашо Василевски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

Во судот се јави и Љупчо Димовски кој претходно изјави дека не добил покана на првиот повик пред една недела. Колегите пратеници и поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ си заминаа откако нивните сопартијци влегоа во судот. Додека траеше распитот и непосредно пред соопштување на одлуката околу Кривичниот суд се собраа уште неколкумина поддржувачи, но и членови на семејствата на пратениците. За сето време додека траеше распитот на пратениците околу Кривичниот суд имаше засилено полициско обезбедување. Неколку полициски комбиња цело време беа парирани зад судот, чекајки ги одлуките на судиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*