Don't Miss
Home / Uncategorized / Притвор за уште двајца

Притвор за уште двајца

Уште двајца завршиле во 30-дневен притвор за крававите настани во Собранието на 27 април, информираа од Кривичниот суд.

„Во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд беа спроведени две лица опфатени со предлогот на ОЈО за определување мерка притвор, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија, за кои по произнесување на спроведените лица во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и на М.М и С.М. им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти Кривичниот суд.

Против овие неправосилни решенија, како што посочуваат од Судот, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

Со ова остануваат уште десет лица кои ги бара полицијата како дел од групата од вкупно 36 осомничени за насилството во Собранието на 27 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*