Home / Вести / Признание за Систина офталмологија за работата во услови на пандемија

Признание за Систина офталмологија за работата во услови на пандемија

Најдобрите практики на „Систина Офталмологија“, во услови на Ковид 19 , се потврдени и во експертска студија, заедно со други студии направени на Универзитетот Стенфорд и Meцинската школа на Јејл,  здравствените системи Џон Хопкинс,  Њу Јорк Универзитетот и Бостонската болница.  Практиките се објавени деновиве, во специјално издание на реномираниот Patient Experience Journal.

-Преку четири модели што сoдржат промени во организациската структура, грижа за вработените, комуникација со пациентите и социјална одговорност, нашата болница успеа да обезбеди позитивни искуства за своите пациени. Во фокусот на нашето работење го ставивме човекот и неговите искуствa. Наша цел е да одиме подалеку од одличните медицински резултати и на секој пациент му приоѓаме индивидуално, со решение адекватно само за него. На тој начин пациентите се чувствуваат подобро“,  вели Др. Весна Чадо, Систина Офталологија, Patient Experience Expert. 

Структурните промени во болницата беа спроведени навремено и брзо, уште на самиот почеток на кризата, во март преку примена на нови протоколи на комуникација и работа, согласно со препораките на Владата.  Најважно беше да се заштити персоналот и пациентите да се чувствуваат безбедно. Дигиталната комуникација се покажа како најдобар и најбезбеден начин за пациентите, тие може оn line да се консултураат со докторите за сите видови на очни проблеми.

Специјализираната очна болница „Систина Офталмологија“ е првата офталмолошка установа во регионот, која  нуди комплетен дијагностички и хируршки третман на сите проблеми со видот и очите. Веќе неколку години е партнер со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“  Загреб, а оваа година прослави 10 години јубилеј од своето постоење

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*