Home / Uncategorized / Продолжен притворот и за Цветан Панделевски

Продолжен притворот и за Цветан Панделевски

Притворот на петмина обвинети во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство им е продолжен за уште 30 дена. Сега, тие имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Во случајот „Империја“ кривично се гонат 13 лица, а првично притвор им беше определен на бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“, Цветан Панделески и директорот на фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски. За овој случај е осомничен и Сашо Мијалков, на кој подоцна исто така му беше изречена мерка притвор од 30 дена.

Покрај нив, осомничени се и Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*