Home / Вести / Продолжи судењето на обвинетите на Транспортер 2

Продолжи судењето на обвинетите на Транспортер 2

                       

            Иако сеуште не е донесена конечната пресуда на Апелациониот суд во Скопје за случајот  со превозот на учениците на “ Транспортер “ во Кривичниот суд во Скопје, по 5 мсеци пауза  продолжи  судењето на обвинетите во “ Транспртер 2“ Но како и на стартот на судењет во априле месец,  кога истото беше одложено поради мозочен удар на еден од обвинетите и  продлженето ан судењето  уште на самиот почеток е прекинато и одложено за два месеци.

            До одложување на судењето дојде поради тоа што ќе се чека конечната прсуда ан Апелациониот суд  во Скопје за обвинетите во Транспортер.

             Од пресудата на Апелациониот суд Скопје  ќе  зависи текот  и расплетот на судењето на  обвинетите во Транспортер 2.

             Да потсетиме со првостепената пресуда на Кривичниот суд во Скопје екс градоначалникот на Битола Владимир Талески е осуден на 8 години затвор, а секретарот на општината Слободан Бончановски на 6,5 години затвор.

            Со првостепената пресуда  неколку директори на автопревозните претпријатија се осудени на казни затвор од 2 до 3,5 години, а директорите на училиштата се условно осудени.

            Инаку по изрекувањето на првостепнаат прсуда Талески и Бончановски се преку 2,5 години во домашен притвор, а на останатите осудени лица им е ограничено правото на движење и им се одземнени патните исправи.

Инаку во Траспортер 2  обвинети се   лицата С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58), сите од Битола, вработени во Општина Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела – “несовесно работење во службата“ (предвидено и казниво по член 353-в од КЗ на РМ) и “злоупотреба на службена положба и овластување“ (предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ), соопшти МВР.

Имено, како што се посочува лицата С.П., С.Д., В.П. и П.П., во својство на членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Битола, постапиле спротивно на член 169 од Законот за јавни набавки на тој начин што не ја поништиле постапката за избор на најповолен понудувач, иако во тендерската постапка констатирале дека понудените цени за превоз на ученици во учебната 2015/16 се многу повисоки од реалните цени на пазарот, (пример: за една од линиите посочени во тендерот во учебната 2013/14 година цената за превоз по ученик на ден била 1000 денари, во учебната 2015/16 била 3.168 денари по ученик на ден, додека во учебната 2016/17 формирана била цена од 440 денари по ученик на ден), со што на две правни лица, превозници од Битола, им било овозможено да се стекнат со поголема материјална корист.

            С.Б., секретар на Општина Битола, иако немал ингеренции врз работата на Комисијата за јавни набавки, потпишал согласност за склучување на договори за превоз на ученици во учебната 2015/16 со нереални пазарни цени. В.Т., Градоначалник на Општина Битола, донел Одлука за најповолни понудувачи по тендерот за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, по што потпишал штетни договори со две правни лица –превозници од Битола.

Со преземените дејствија пријавените на општина Битола и причиниле материјална штета од 4.321.388 денари

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*