Home / Вести / Пролетно кастрење на дрвјата

Пролетно кастрење на дрвјата

  • „Комуналец“ продолжува со кастрење на дрвата во централното градско подрачје. Деновиве, активно, со потребната механизација и полициска продружба се работи на отстранување на непотребните гранки на Булеварот 1 Мај. По завршување на кастрењето на главните улици, екипите на ЈП „Комуналец“ ќе работат и на останатите подрачја во градот. Од ова јавно претпријатие апелираат на трпеливост и внимателност од страна на граѓаните, кога со своите возила поминуваат покрај екипите кои работат на кастрењето на дрва. Исто така ги известуваат граѓаните дека секое отпадно дрво кое при сечењето зазема дел од јавна површина, како и во реката Драгор, ќе биде уредно собрано од страна на нивните екипи. ЈП „Комуналец“ испраќа јавна благодарност до граѓаните кои паралелно си ги уредуваат своите дрва во дворовите и отпадоците ги оставаат на јавните површини, со цел екипите да можат да ги соберат и да ги отстранат од улиците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!