Home / Култура / Промоција на книгата на Ицо Најдовски- Перин

Промоција на книгата на Ицо Најдовски- Перин

Во присуство на голем број вљубеници на пишаниот  збор, синоќа,  во Универзитетската  библиотека  “Св. Климент Охридски”  во Битола свечено беше  промовирана книгата на писателот и новинар од Австралија,  д-р. Ицо Најдовски- Перин,  “ Македонско австралиски народен сојуз (1948-1958)”.

На промоцијата за книгата на Најдовски  зборуваа еден од рецензентите на книгата,  д-р. Ѓорѓи Чакарјановски, новинарката Фиданка Танаскова и дописникот на “ Нова Македонија “ од Битола, Менде Младеновски.

Во книгата која всушност е и докторска дисертација на  Ицо Најдовски- Перин  се зборува за печалбарството на Македонците како и (само)организирањето на Македонците во далечната Австралија.

Инаку, Ицо Најдовски- Перин  е познат македонски  активист и историчар и постојан и повремен соработник на бројни македонски  електронски и пишани медиуми во Македонија.

ico-3

ico-4

Ицо Најдовски- Перин е роден во битолско село Оптичари, а во далечната 1985 година се пресели во Австралија.

Ицо Најдовски- Перин живее и работи во Мелбурн и  досега има објавено голем број научни  трудови во кои главно ги третира Македонците во Австралија и нивната судбина.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*